СЕ ШИРИ БУНТОТ ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ НА ГРУЕВСКИ

    СЕ ШИРИ БУНТОТ ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ НА ГРУЕВСКИВМРО-ДПМНЕ за изборите на 11 декември минатата година го отвори новото седиште - Белиот дворец, за акредитираните новинари. (Фото: СДК.МК)

    Поранешната потпретседателка на Собранието Светлана Јакимовска, актуелниот пратеник Ванковер Манчев, седуммина поранешни пратеници, тројца ексградоначалници и десетмина делегати денеска ѝ се приклучија на иницијативата предводена од пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски и Трајко Вељаноски за одложување на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово поради фаворизирање на генералниот секретар Христијан Мицковски за нов претседател на партијата.

    Вчера, триесет видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратениците Димовски, Милошоски и Вељаноски, побараа највисоките партиски тела да донесат одлука за одложување на вонредниот конгрес во Валандово од 22 и 23 декември на 24 и 25 февруари следната година за, како што кажаа во писмото до медиумите, да се даде шанса за демократска и транспарентна постапка за избор на нов претседател на партијата. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 10 декември ја прифати оставката на претседателот Никола Груевски.

    Покрај Јакимовска и Манчев, новопотпишани на иницијативата за избор на легитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ се: поранешните пратеници Надица Танчева Тулиева, Милорад Додевски, Јасминка Дамчевска, Ружа Ѓорѓеска, Бети Кузмановска, Сузана Секуловска, Илија Србиновски, поранешните градоначалници Славчо Чадиев, Зоран Тасев и Дарко Шехтански и делегатите Лазар Поповски, Пеце Јовески, Маја Стојановска, Божидар Петровски, Тони Трајановски, Душко Миновски, Мунир Шемси, Миле Стојановски и Кристијан Тодоров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира