МИЦКОВСКИ ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ НА ВАЛАНДОВСКИОТ КОНГРЕС

    МИЦКОВСКИ ЌЕ БИДЕ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ НА ВАЛАНДОВСКИОТ КОНГРЕСХристијан Мицковски ја објави својата кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ попладнево на Фејсбук. (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе биде единствениот кандидат за претседател на партијата на вонредниот конгрес што утре и задутре ќе се одржи во Валандово. До крајниот рок, кој истече денеска во 15 часот, поднесени биле две кандидатури за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но прифатена е само кандидатурата на генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски, бидејќи другата не била валидна, потврдија од партијата за државната агенција МИА, без да го откријат името на одбиениот кандидат.

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница ја одби иницијативата поднесена од видни функционери на партијата, вклучувајќи ги пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски и Трајко Вељаноски за одложување на конгресот во Валандово, поради, како што кажаа, фаворизирање на еден кандидат.

    Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 10 декември ја прифати оставката на долгогодишниот претседател Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира