БИТОЛСКАТА ГЕРИЛА МУ ПРКОСИ НА ПРИЛЕПСКИОТ ИТАР ПЕЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКАТА ГЕРИЛА МУ ПРКОСИ НА ПРИЛЕПСКИОТ ИТАР ПЕЈО

    За скоро време Битола нема да ја посети ни еден министер, по искуството на министерот за транспорт Владо Мисајловски кога и него го посипаа со парите со ликот на градоначалникот Владимир Талески и му ја упропастија пропагандата за реконструкцијата на патот кон Ресен, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од партиски извори во Битола.

    Герилските акции по обелоденувањето на предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство го пореметија животот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е професионален глумец и го бива за сликање и давање изјави. За локалните новинари и за дописниците на националните медиуми беше многу чудно дека ден по герилската акција во четвртокот тој не се појави на свеченото пуштање во употреба на мостот во населбата „Јени мале“ во Битола. Не се работеше за голем проект, но тој се сликал во медиумите и на многу помали. На пример, кога некој ученик од битолско училиште ќе добиеше награда, кога ќе се закрпеше улична дупка , па и за Осми март да им даде ружа на женските организации.

    Аметерска фотографија од одбраната на докторатот на поранешната министерка (Фото: МЕТА)

    Герилците „ја закопаа в земи“ бившата министерката за внатрешни работи Јанкуловска кога со транспарент „Честито аболиција“ се појавија на нејзиниот докторат во битолскиот универизитет (Фото: МЕТА)

    Прилеп го има Итар Пејо. Но, Битола ја има уличната герила, на која и итриот Мариовец може вода да им носи. Зародишот на борбените улични групи е од пред десетина години кога мелничко –пекарскиот комбинат „Жито Битола“ со месеци не им го исплаќаше житото на земјоделците. Тие пред комбинатот поставија венец за мртовци и на него го напишаа името на директорот на фабриката. И по ваквиот чекор останаа без корка леб, па рано наутро велегоа во пекарскиот погон и ги наполнија стомаците и торбите со врел леб и кифли, а не платија ни денар.

    Герилците го чекаа Талески и на отварањето на Фестивалот на монодрамата, но тој избега и се скти на задниот влез од Домот на културата (Фото: СДК.МК)

    Герилците го чекаа Талески и на отварањето на Фестивалот на монодрамата, но тој избега и се скри на задниот влез од Домот на културата (Фото: СДК.МК)

    Духовите повторно се разбрануваа пред шет години кога шведската млекарница „Сведмилк“ им го зеде млекото на 3.000 сточари и им остана должна 4 милиони евра. Фармерите упаднаа во општината, го запоседнаа кабинетот на градоначалникот , а фармерот Гоце Кантаровски седна и во неговата фотелја. Потоа излегоа на црн марш, напред одеше фармерот Душко Илиевски носејќи венец, а на бандери поставија некролози со фотографија на премиерот Груевски. Големците од власта мака изнамачија да замолчат еден мал сточар од Битола, фармерот Душко, кој секој ден измислуваше некоја хумореска. Го обвинија дека садел марихуана во бавчата во компири, за на крај да изеле дека бил див коноп, па сега државата му плаќа отштета.

    По кафулињата низ Битола вистински хит се лажните пари со ликот на Талески (Фото: СДК.МК)

    По кафулињата низ Битола вистински хит се лажните пари со ликот на Талески (Фото: СДК.МК)

    Герилата воскресна откако СЈО отвори неколку случаи против функционери од владеачката партија, а претседателот Иванов ги помилува. Герилците „ја закопаа в земи“ бившата  министерката за внатрешни работи Јанкуловска кога со транспарент „Честито аболиција“ се појавија на нејзиниот докторат во  битолскиот универизитет. СЈО ја осомничи Јанкуловска во случајот „Титаник“ за кривични дела против изборите и гласањето.

    Врв на битолската герила беше печатењето на парите со ликот на Талески откако СЈО го осомничи за злоупотреби со школскиот превоз, а Иванов го помилува. Парите станаа хит, не само што ги има по кафулињата на Широк Сокак, ги лепат на банкоматите, ги расфрлаат низ улиците, а  битолчани се обиделе да платат со нив и патарина за Скопје.

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира