НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА ДО 9 ЈАНУАРИ

    НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА ДО 9 ЈАНУАРИМинистерството за образование вели дека дале ваква препорака за да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесетчасовно работно време во петдневна работна недела, и за да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти

    Министерството за образование и наука им препорача на директорите на основните и средните училишта работната недела по новогодишните празници да биде неработна за наставниот кадар. Од Министерството велат дека оваа препорака е дадена согласно календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, според кој две саботи во првото полугодие и две саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови, и дека работните обврски за наставниците почнуваат од 9 јануари.

    „Оваа препорака е дадена за да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесетчасовно работно време во петдневна работна недела, и за да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти“, велат од Министерството за образование и наука.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира