СО КОЊИ НА БОЖИЌНА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЃОРЃИЈА ВО СКОПСКО КУЧКОВО

    СО КОЊИ НА БОЖИЌНА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЃОРЃИЈА ВО СКОПСКО КУЧКОВОВтора година по ред, десетина граѓани од овој дел на градот со своите коњи минуваат низ населените места, им го честитаат празникот на жителите до последната станица манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Кучково (Фото: СДК.МК)

    Со јавање коњи од населеното место Ново Село до Кучково во Скопје, денеска десетина граѓани го одбележаа Христовото раѓање. Втора година по ред, десетина граѓани од овој дел на градот со своите коњи минуваат низ населените места, им го честитаат празникот на жителите до последната станица, манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Кучково, каде се наоѓа гробот на владиката Наум.

    Коњите два дена пред Божиќ сопствениците ги спремаат за овој настан, ги бањаат и чешлаат.

    „Сакаме ова да прерасне во традиција, да ни се приклучат што поголем број граѓани на Скопје. По пат нè среќаваат луѓе, се сликаат со нас и ни го честаат празникот со чашка ракија. Турата завршува во манастирот ‘Свети Ѓорѓија’, пред гробот на дедо Наум, каде се молиме за здравје и бериќет“, вели Живко, наалбатот од Кучково, кој со својот коњ беше дел од поворката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира