Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василески и Љубен Арнаудов, поднеле жалби против продолжената мерка притвор на 27 декември, но не побарале Скопска апелација јавно да расправа за нив.
За разлика од нив, актерот Владо Јовановски, разузнавачот Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски и повеќето други притворени учесници или водачи на толпата која влезе и вршеше насилства во Собранието на 27 април лани, побараа за нивните жалби Апелација да расправа на јавна седница, пред новинари.
Денеска стартот е со Јовановски, Поповски и Ѓошевски, а утре Апелациониот суд продолжува со Пепиќ и останатите обвинети. До петок секој ден советот од судии ќе ги слуша причините на обвинетите и аргументите на обвинителството за излегување, односно за останување во притвор, а потоа ќе одлучува. За пратениците ќе расправа зад затворени врати.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ враќањето во Собрание го условува со ослободувањето од притвор во Шутка на пратениците Мукоски, Василески и Арнаудов, како и со укинување на мерката куќен притвор на пратениците Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.
С. К. ДЕЛЕВСКА