ТУРЦИЈА ГИ НАПАДНА КУРДИТЕ ВО СИРИЈА, НАЈАВИ ПОЧНУВАЊЕ НА КОПНЕНА ОПЕРАЦИЈА

    ТУРЦИЈА ГИ НАПАДНА КУРДИТЕ ВО СИРИЈА, НАЈАВИ ПОЧНУВАЊЕ НА КОПНЕНА ОПЕРАЦИЈАТурција сака да ја избрка курдската милиција, што ја смета за терористичка група, од регионот Африн (Фото: АФП)

    Турските воени авиони жестоко ги нападнаа позициите на курдските борци во северна Сирија, што би можело да ги зголеми тензиите во односите со САД и Русија.

    Турција сака да ја избрка курдската милиција, што ја смета за терористичка група, од регионот Африн, што се наоѓа во близина на нејзината јужна граница. Во нападите загинале девет луѓе.

    Русија ги повлече своите трупи од Африн и иако изрази загриженост, објави дека нема да се меша. Сирија го опиша нападот како брутална агресија на Турција, негирајќи дека Анкара претходно ѝ најавила на сириската влада дека ќе почне офанзива.

    Турција ја бомбардира оваа област веќе два дена, пред вчера да прогласи почеток на воените операции. Акцијата наречена „Маслинова гранка“ предвидува воздушни и копнени напади, а цел се курдската милиција и борците на Исламска држава.

    „Операцијата ќе биде изведена со почит кон територијалниот интегритет на Сирија. Во нападите се погодени 108 цели на Курдите“, соопшти турската влада.

    Анкара потврди дека има загинати, но сите биле курдски милитанти. Турскиот премиер Бинали Јилдирим најави дека денеска во операцијата ќе се вклучат и копнени сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира