ДЕБАКЛ ОД ШПАНИЈА, РАКОМЕТАРИТЕ ЧЕКОР ПОДАЛЕКУ ОД ПОЛУФИНАЛЕТО

    ДЕБАКЛ ОД ШПАНИЈА, РАКОМЕТАРИТЕ ЧЕКОР ПОДАЛЕКУ ОД ПОЛУФИНАЛЕТОШпанија им го нанесе еден од најтешките порази на големите натпреварувања. - Стојанче Стоилов

    Шпанија се поигра со македонската ракометна репрезентација на стартот на втората фаза на Европското првенство во Хрватска, за да ѝ го нанесе еден од најтешките порази на големите натпреварувања досега.

    Македонија загуби со 20:31, на мечот што беше решен по само 30 минути игра, откако Шпанците го добија првото полувреме со 15:5.

    Македонските ракометари беа хит по првата фаза од првенството во Загреб, но нивната игра целосно се урна, откако во 11. минута се повреди капитенот Кире Лазаров, што се покажа преголем шок за екипата. Македонија не само што не се созеде во продолжението, туку на моменти губеше и со 13 гола разлика, додека селекторот Гонсалес форсираше помлада постава на теренот.

    Ако математиките кажуваа дека за пласман во полуфиналето се потребни две победи во втората фаза, тогаш тоа сега ќе мора да се оствари на нешто потежок начин, против Чешка (вторник) и олимпискиот шампион Данска (среда).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира