ПРВЕНСТВОТО МОЖЕБИ ЗАВРШИ ЗА КИРЕ, КАЖА СЕЛЕКТОРОТ ГОНСАЛЕС

    ПРВЕНСТВОТО МОЖЕБИ ЗАВРШИ ЗА КИРЕ, КАЖА СЕЛЕКТОРОТ ГОНСАЛЕСКире Лазаров одигра само 11 минути против Шпанија, по што се пожали на болка во задната ложа

    Кире Лазаров, можеби, го заврши настапот на Европското првенство во Хрватска, кажа селекторот Раул Гонсалес по завршувањето на средбата со Шпанија.

    Најдобриот македонски ракометар одигра само 11 минути на првиот меч од втората фаза, по што се пожали на повреда на задната ложа. Тој остатокот од средбата го помина со облога од мраз на десната нога и Гонсалес стравува дека веќе нема да може да смета на него.

    „Одигравме катастрофално против Шпанија, а и Кире ни се повреди. Не сум сто посто сигурен, но мислам дека тој нема да може да игра до крајот. Во секој случај, овој меч мора што побрзо да го заборавиме“, изјави Гонсалес.

    Следниот меч Македонија го игра во вторник (20.30 часот), кога се среќава со Чешка и нема право на кикс, ако сака да ги задржи шансите за полуфинале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира