Шарените револиционери се разотидоа. На барикадите кај американската резиденција на Водно остана големиот портрет на Претседателот Ѓорге Иванов замачкан со боја за кој демонстрантите објаснија дека е споменик на претседателот – фикус. Демонстрантите вечерва тука протестираа оти со метална ограда и кордон од полиција им беше ограничено движењето кон претседателската резиденција. Тие пред металната ограда го пставија портретот на Претседателот и го обоија на ист начин како што ги бојат фасадите, а пред шарениот портрет направија импровизирана бина. „Тој спие во арам, во наше. Ова е собир кој ќе продолжи, нема да ни падне кондицијата“, порачаа демонстрантите.
Пред америкнската резиденција студентка на албански и на македонски јазик цитираше делови од книга од Ѓорге Иванов кои се однесуваат на правото и демократијата.
„Окото е она што гледа се што се случува, па професоре, ние сме окото на демократијата“, му порача стидентката. Таа го потсети на неговата изјава дека демократијата е како космодиск-изгледа шашаво но делува. „Професоре во Македонија, демкратијата изгледа шашаво, но не делува“, рече студентката.
Тука се пуштаа и бомби од апсењето на Љубе Бошкоски се скадираше „Криминалци“, „Нема правда нема мир“, „Оставка“, „Лопови“.
Шарените револуционери тргнаа кон резиденцијата на Претседателот Ѓорге Иванов на Водно за да го потсетат дека „Ќе има правда и ќе има мир“. Во вообичаеното време, 18 часот тие се собраа пред Специјалното јавно обвинителство. Носеа транспаренти на кои пишуваше Шарената револуција не признава фикус аболиција“, „Стоп за употребата на притворот како мерка на заплашување“, носат и голем портрет од Љубе Бошкоски на кој пишува „Избери слобода“, а маички со истиот портрет и со истата порака носеа и неколкумина демонстранти. Зад себе на асфалтот испишаа „Бојата е идеја“.
Тема на вечерашниот протест беше аболицијата на Претседателот Ѓорге Иванов. Демонстрантите имаат кратка порака „Никој не е над законот! На режимот не може да му се прости за криминалите што се направени! Протестирам не ја признава аболицијата!“.
Движењето „Протестирам“ организира демонстрации ширум Македонија од 12 април. Демонстрантите бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.