ПРАТЕНИЦИТЕ СО РАБОТНА ГРУПА ЌЕ ГИ УСОГЛАСУВААТ ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

    ПРАТЕНИЦИТЕ СО РАБОТНА ГРУПА ЌЕ ГИ УСОГЛАСУВААТ ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИПретседателот на Комисијата, пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, рече дека во работната група треба да учествуваат пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, која го бојкотира Собранието, за да се усогласат амандманите за намалување на патните трошоци. (Фото: СДК.МК)

    Ќе се формира работна група која ќе ги усогласува амандманите за измените на Законот за пратеници и за Законот за плати на избрани и именувани лица за намалување на патните трошоци.

    На денешната седница на Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, се разгледуваше предлогот на пратеничката група на СДСМ за намалување на патните трошоци од 30 до 20 отсто од цената на литар гориво за изминат километар.

    Претседателот на Комисијата, пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, рече дека во работната група треба да учествуваат пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, која го бојкотира Собранието, за да се усогласат амандманите за намалување на патните трошоци.

    Пратениците на ДУИ ќе ја поддржи потребата за донесување на измените на законите за намалување на патните трошоци на пратениците и другите избрани функционери.

    „Размислуваме да поднесеме амандман што го најави колегата Џевад Адеми за целосно укинување на патните трошоци на сите именувани и избрани функционери“, рече Реџеп Исмаили, пратеник од ДУИ.

    За намалување на злоупотребите со патните трошоци, со измените е предвидено пратеникот лично, со кредитна картичка, да ја плаќа патарината и во Собранието кога ќе ја поднесува сметката од патарината ќе треба да го приложи и слипот.

    По прифаќањето на измените, треба да донесе одлука собраниската Комисија за избори и именување за точно дефинирање на трошоците за изминат километар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира