МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП ЌЕ СЕ ВИКА КИРО ГЛИГОРОВ

    МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП ЌЕ СЕ ВИКА КИРО ГЛИГОРОВ Мултимедијалниот центар што лани се предаде во употреба ќе го носи името на првиот претседател во независна Македонија Киро Глигоров, а за него ќе има и посебна спомен соба (Фото: СДК.МК)

    Новиот мултимедијален центар, што се изгради со средства на ЕУ на местото каде порано беше руинираната зграда на летното кино во во Штип, ќе го носи името на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, соопшти денеска градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

    Бочварски најави дека Советот на Општината на првата наредна седница и формално ќе ја верификува одлуката за името на мултимедијалниот центар, кој беше изграден со средства преку проектот за погранична соработка со Бугарија. Тој рече дека за Киро Глиговорв се планира и посебна спомен соба, во која ќе биде сместено негово творештво, пијаното и целата негова публикација.

    T. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира