РУСИЈА СО 169 НЕУТРАЛНИ СПОРТИСТИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА, НО БЕЗ НАЈДОБРИТЕ

    РУСИЈА СО 169 НЕУТРАЛНИ СПОРТИСТИ НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА, НО БЕЗ НАЈДОБРИТЕИмињата на руските спортисти кои ќе настапат во Пјонгчанг ќе бидат објавени утре, 13 дена пред почетокот на Олимпијадата (Фото: Ројтерс)

    На 169 руски спортисти ќе им биде одобрен настап на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, каде што ќе учествуваат како неутрални олимпијци.

    Русија беше суспендирана од Игрите, откако се утврди дека државата финансирала допинг-програма на последната Зимска олимпијада во Сочи, но Меѓународниот олимписки комитет отвори можност за настап на оние нејзини спортисти кои ќе докажат дека се чисти.

    Имињата на спортистите ќе бидат објавени утре, 13 дена пред почетокот на Олимпијадата.

    Од првично пријавените 500 спортисти, 80% не учествувале на претходната Олимпијада во Сочи, на која што имало систематско допингување.

    „Во соработка со националните и меѓународните федерации, ќе биде испратена покана до 169 спортисти. За жал, водечките спортисти не се вклучени“, кажа потпретседателот на Рускиот олимписки комитет, Станислав Поздљаков.

    Руските спортисти ќе настапат под олимпиското знаме, а доколку освојат злато, во нивна чест ќе биде пуштена олимписката химна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира