ГЛУМЕЦОТ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ НЕДОСТАПЕН ДА ПОТВРДИ ДАЛИ ТОЈ УДРИЛ ПЕШАК ВО СООБРАЌАЈКА ШТО ЈА ПОТВРДИ ПОЛИЦИЈАТА

    ГЛУМЕЦОТ ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ НЕДОСТАПЕН ДА ПОТВРДИ ДАЛИ ТОЈ УДРИЛ ПЕШАК ВО СООБРАЌАЈКА ШТО ЈА ПОТВРДИ ПОЛИЦИЈАТАВеста дека предизвикал сообраќајка се вртеше на социјалните медиуми неколку часа, а глумецот не беше достапен да ја потврди, или негира - Драган Спасов - Дац (Фото: М. Златевска)

    Полицијата потврди дека во скопската населба Кисела Вода синоќа се случила сообраќајна несреќа  во која полесно бил повреден пешак, за која по социјалните медиуми беше објавено дека ја предизвикал актерот Драган Спасов – Дац, актуелен директор на МНТ.

    Дац не беше достапен на мобилниот телефон да го потврди или негира настанот.

    Во соопштението што беше објавено на официјалната страница на МВР ноќеска околу полноќ стои дека „на 30.01.2018 во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27). Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома“.

    Други детали околу сообраќајката официјално не се достапни за јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира