Воз кој превезувал републикански членови на американскиот Конгрес, вклучувајќи го и спикерот Пол Рајан, удрил во камион, при што едно лице загинало.
Пет луѓе се превезени во медицинскиот центар во Вирџинија, од кои еден е во критична состојба.
Според повеќе извори, сите конгресмени и членови на нивните семејства се добро, со исклучок на ситни повреди. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека има еден загинат, но не кажа за кого станува збор.
„Претседателот е целосно известен за ситуацијата во Вирџинија и редовно добива нови информации. Потврдено е дека едно лице загинало и дека едно е во критична состојба. Меѓу членовите на Конгресот нема сериозно повредени“, изјави Сандерс.