СЕ СРУШИ КУЌАТА НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЕЦ

    СЕ СРУШИ КУЌАТА НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЕЦПо смртта на Симеон Шутев, куќата во која живеел олимпиецот почнала да се распаѓа и паднала без да повреди некого. (Фото: СДК.МК)

    Куќата на првиот македонски олимпиец, штипјанецот Симеон Шутев, се срушила доцна синоќа. Првин се срушил десниот дел од куќата, а левиот се потпрел на соседната куќа, залепена за трошната куќа на прославениот боречки ас. Во куќата немало никој затоа што семејството на Шутев се преселило во стан. Куќата се срушила откако паднал потпорниот ѕид кој целосно се срушил на улицата на која во тој момент немало минувачи и никој не е повреден.

    Екипи на јавните претпријатија денеска ја расчистуваа улицата, а ќе се преземале мерки и за санирање на стариот објект, во кој Симеон Шутев живеел во времето кога беше првиот македонски олимпиец 1968 година во Мексико. Симеон Шутев беше тренер и боречки судија, а во пензија замина како професор по физичко воспитување. Почина на 9 август 2015 година. Оттогаш почнала да се распаѓа неговата родна куќа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира