ОШТЕТЕНАТА ПАТЕКА КАЈ КАНЕО Е ОПАСНА ЗА ШЕТАЧИТЕ, ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВЕЛИ ДЕКА НЕ Е НАДЛЕЖНА

    ОШТЕТЕНАТА ПАТЕКА КАЈ КАНЕО Е ОПАСНА ЗА ШЕТАЧИТЕ, ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВЕЛИ ДЕКА НЕ Е НАДЛЕЖНАПатеката е долга околу половина километар и неа помпезно ја отвори пред последните локални избори сега бившиот градоначалник Никола Бакрачески. - Оштетувања на патеката од Грашница до Канео (Фото: СДК.МК)

    Патеката која ја поврзува месноста Грашница со рибарската населба Канео во Охрид стана опасна за бројните шетачи бидејќи уништени се делови од оградата на работ од ридот која спречува паѓање во неговото подножје.

    „Не е наша надлежност да ја обезбедуваме патеката. За тоа треба да се ангажираат други служби. Пријави за оштетувањето на оградата имаше и порано, но засега нејзината заштита се остава на совеста на граѓаните. Ова го имаме предвид и затоа се размислува за поинаков начин на заштита на патеката која ги поврзува Грашница со Канео“, велат од Општина Охрид.

    Поради приближувањето на последните локални избори, патеката беше експресно изградена. Патеката е долга околу половина километар и неа помпезно ја отвори пред последните локални избори сега бившиот градоначалник Никола Бакрачески, кој овој зафат го најави како капитален проект и исполнување на предизборните ветувања.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира