НОВИ АНТИБИОТИЦИ ОТКРИЕНИ ВО ПОЧВА, МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ПРОТИВ СУПЕРБАКТЕРИИ

    НОВИ АНТИБИОТИЦИ ОТКРИЕНИ ВО ПОЧВА, МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ПРОТИВ СУПЕРБАКТЕРИИТестовите направени на глувци покажале дека новите антибиотици ефикасно ја сузбиваат инфекцијата со супребактеријата МРСА.

    Американските научници открија нова фамилија антибиотици во примероци почва. Природните соединенија може да се искористат за третман на тешки инфекции, како што се надева институтот на Рокфелер Универзитетот.

    Тестовите покажуваат дека соединенијата се успешни во сузбивање на неколку болести предизвикани од бактерии, кои станаа резистентни на најпознатите антибиотици, вклучувајќи ја и супербактеријата МРСА.

    Експертите велат дека трудот објавен во Природна микробиологија, нуди надеж во трката за изнаоѓање нови антибиотици.

    Болестите кои се резистентни на постоечките лекови се најголемата закана врз глобалното здравје.

    Тие убиваат околу 700.000 луѓе годишно, и нови терапии се итно потребни.

    Почвата е богата со милиони различни микроорганизми, кои произведуваат многу потенцијални терапевтски соединенија, вклучувајќи и нови антибиотици.

    Тимот на д-р Шон Брејди од њујоршкиот Рокфелер Универзитет беше ангажиран во нивно пронаоѓање. Тие ја користеа техниката за генетско секвенционирање за да анализираат над 1.000 примероци почва земени низ САД.

    Кога ги открија новите соединенија, наречени малицидини, во многу од примероците почва, тие знаеја дека дошле до важно откритие. Соединенијата ги тестирале на глувци, кои претходно биле заразени со МРСА, и тие ја елиминирале инфекцијата и раните на кожата. Истражувачите сега работат на тоа да ја подобрат ефикасноста на лекот со надеж дека ќе може да се развие терапија за вистински третман на луѓето.

    Д-р Брејди вели: „Невозможно е да се каже кога или дали воопшто, ова е рана фаза на откритието на антибиотиците и ќе продолжиме со истражувањето. Ова е долг и тежок пат од иницијалното откритие на антибиотиците додека да дојдат во клиничка употреба“.

    Проф. Колин Гарнер, од британскиот центар за истражување антибиотици, вели дека пронаоѓањето на новите антибиотици за третман на грам-позитивните инфекции, како што се оние со МРСА се добри вести, но дека засега нема да одговори на најитните потреби.

    „Нашата загриженост е што така наречените грам-негативни бактерии, кои е тешко да се третираат и кои се резистентни на лековите се во пораст. Грам-негативните бактерии предизвикуваат пневмонија, инфекции на уринарниот тракт и инфекции во крвта, како и кожни инфекции. Потребни ни се нови антибиотици за да се третира овој подвид бактерии“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира