Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис вели дека спиел кога за грчката телевизија „Скај“ изјавил дека треба да се смени името на солунскиот аеродром „Македонија“, пренесе државната агенција МИА. Тој во утринска програма на „Скај“ кажал дека солунскиот аердром треба да го носи името на славниот грчки кошаркар Никос Галис.
„Одеднаш, утрово ми се јавуваат од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од ‘Скај’, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, ја пренесе МИА изјавата на Бутарис.