ДАНСКИОТ ПРИНЦ ХЕНРИК ПОЧИНА НЕСРЕЌЕН ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ПРИЗНАА ЗА КРАЛ

    ДАНСКИОТ ПРИНЦ ХЕНРИК ПОЧИНА НЕСРЕЌЕН ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ПРИЗНАА ЗА КРАЛКралицата Маргрет ќе ја испочитува желбата на Хенрик да не бидат погребани заедно (Фото: АФП)

    Данскиот принц Хенрик, познат по тоа што јавно изразуваше незадоволство што никогаш не бил именуван за крал, почина на 83-годишна возраст во замокот Фреденсборг, каде што одлучи да ги помине последните денови од животот.

    Роден во Франција, сопругот на данската кралица Маргрет беше и омилена и контроверзна личност во земјата и не криеше дека целиот живот го фрустрирало тоа што никогаш не бил признат за еднаков на неа.

    Во 2017 година, тој дури објави дека не сака да биде погребан покрај неа. Седумдесет и седумгодишната кралица кажа дека ќе ја испочитува неговата желба, со што ќе се прекрши традиција долга 459 години.

    Хенрик се ожени со тогашната принцеза Маргрет во 1967 година. Таа стана кралица пет години подоцна, а тој низ годините не криеше дека е несреќен што неговата кралска улога не се променила. Многумина Данци не го сакаа поради тоа. Хенрик се повлече од сите должности во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира