КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА ГИ ПОБАРА БОМБИТЕ ОД СЈО ЗА ДА ВИДИ ДАЛИ СЕ ЦЕЛОСНИ И ВИСТИНИТИ

    КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА ГИ ПОБАРА БОМБИТЕ ОД СЈО ЗА ДА ВИДИ ДАЛИ СЕ ЦЕЛОСНИ И ВИСТИНИТИСледното рочиште за случајот на СЈО „Тендери“ е закажан за 13 март. - Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа Милевска (Фото: М. Златевска)

    Одбраната на обвинетата ексминистерка за култура Елизабета Канческа Милевска на денешното прво рочиште во случајот „Тендери“ побара вештачењето да се изземе од доказната постапка. Според адвокатите на Канческа Милевска, вештачењето е спорно бидејќи откако било направено и поднесен обвинителниот акт, еден од вештаците побарал од Министерството за култура дополнителни податоци за, како што кажа одбраната, да се направи објективно вештачење.

    За одбраната спорно е и тоа што лиценцата на вештаците била истечена кога го предале вештачењето и во тој период не бил обновена. Одбраната побара и СЈО да им ги даде аудиодоказите стекнати од нелегално прислушуваните разговори, за да видат дали се целосни и вистинити, за кои им било речено дека можат да ги преслушаат во СЈО или во судот.

    „Го оспоруваме вештачењето. Ваквото вештачење е необјективно“, рече Еленко Миланов адвокат на обвинетата Канческа Милевска.

    Обвинителите од СЈО рекоа дека и тие биле изненадени од барањето на вештакот за дополнителни податоци од Министерството за култура, но и покрај тоа им било доставено известување дека уште еднаш на јасен начин се потврдува мислењето во вештачењето.

    „Ваквите барања на одбраната се само со цел да се одолговлекува постапката“, обвинителот на СЈО Стевчо Донев.

    Судијата Осман Шабани рече дека судскиот совет треба да одлучи до барањата на одбраната и по барање на адвокатите на Канческа Милевска кои имале други судења, следното рочиште го закажа за 13 март. Ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска е обвинета за малверзации при склучување договори за изградба на Музејот на ВМРО со фирмата Бетон Штип.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира