Напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски го отвори резултатот на денешниот меч против Шалке во 6. минута и притоа израмни бундеслигашки рекорд на неговиот тренер Јуп Хајнкес.
Полскиот напаѓач сега има постигнато гол на сите 11 меча на Баерн на домашен терен сезонава, постигнување што првпат го направи Хајнкес во сезоната 1972/73, кога играше за Борусија Менхенгладбах.
72-годишниот тренер на Баварците беше принуден од дома да го следи мечот на „Алијанц Арена“ поради грип, па неговиот тим го води помошникот Петер Херман.
Баерн на крајот славеше со 2:1.