КАПИТЕНОТ НА ФИОРЕНТИНА ДАВИДЕ АСТОРИ ПОЧИНА ВО СОН НА 31 ГОДИНА

    КАПИТЕНОТ НА ФИОРЕНТИНА ДАВИДЕ АСТОРИ ПОЧИНА ВО СОН НА 31 ГОДИНАДавиде Астори имаше и 14 настапи за репрезентацијата на Италија (Фото: Гети)

    Капитенот на италијанскиот прволигаш Фиорентина, Давиде Астори, почина ненадејно на 31-годишна возраст, потврди клубот.

    Астори престојуваше во хотел со своите соиграчи во пресрет на денешниот натпревар со Удинезе и од клубот објавија дека починал во сон.

    „Фиорентина е неизмерно потресена што мора да соопшти дека нашиот капитен Давиде Астори почина“, се вели во соопштението на клубот.

    Централниот дефанзивец Астори ја почна кариерата во младите категории на Милан, по што играше за Калјари и Рома, пред да се пресели во Фиорентина во 2015 година.

    За репрезентацијата на Италија одигра 14 средби, настапувајќи на Купот на конфедерациите во 2013 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира