ДЕТЕ ОД БИТОЛА ОД БАЛКОН НА ПОВЕЌЕКАТНИЦА ФРЛИ КРЕВЕТ, СЕМЕЈСТВОТО Ѝ Е ПОЗНАТО НА ПОЛИЦИЈАТА

    ДЕТЕ ОД БИТОЛА ОД БАЛКОН НА ПОВЕЌЕКАТНИЦА ФРЛИ КРЕВЕТ, СЕМЕЈСТВОТО Ѝ Е ПОЗНАТО НА ПОЛИЦИЈАТАСпоред коментарите на битолчани, настанот се случил во зграда во месноста наречена Декорпод. - Принтскрин од снимката објавена вчера на Фејсбук

    Дете од Битола на возраст од околу осум-девет години од повеќекатница низ балкон фрли стар кревет кој паѓајќи на земја можеше да убие некого. Оваа негова лудорија која за среќа заврши без фатален крај, некој ја снимил и ја објави вчера на Фејсбук. Снимениот видеоматеријал предизвика вчудовидување кај битолчани и бројни коментари. Тие преку социјалните мрежи побараа случајот да се пријави до надлежните зашто можел да биде загрозен нечиј живот и под итно да се преземат мерки.

    На снимката се гледа дека малото дете е само на балконот и влече конструкција од кревет. Ја потпира на оградата од балконот, а потоа ја фрла и се крие зад вратата. Креветот паѓа на земјата и за среќа никој не повредува. Иако се слуша силен трескот, од станот каде што живее детето не излегува никој.

    Инвентарот, паѓајќи надолу ја оштетува сушалната на соседите од подолниот кат. Сосетката излегува и вика: „Што направивте бе, арам да ви е“. На ова детето, спушта до подолниот балкон каде што е сосетката конец со некаков врзан предмет токму до висината на нејзината глава. Таа го фаќа јажето и го кара детето затоа што ѝ ја скршило сушалната. Го прашува: „Оти ми го скрши“, а тоа се слуша како одговара: „Оти не чиниш пари“.

    Според коментарите на битолчани, настанот се случил во зграда во месноста наречена Декорпод.
    Од Битолската полиција велат дека деновиве немале пријава за ваков настан, па се сомневаат дека е можно снимката да била направена порано, а објавена сега на Фејсбук. Портпаролката Сања Стаматова рече дека семејството ѝ е познато на полицијата и во текот на минатата година имале пријави од соседи дека од балконот биле фрлани предмети, бил пален оган, а полициски екипи неколкупати интервенирале.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира