Најмалку 39 луѓе загинаа откако патнички авион се урна при слетувањето на аеродромот во Катманду, Непал.
Во авионот се наоѓаа 71 лице и властите соопштија дека засега се спасени 17 од нив.
Авионот „бомбардиер даш 8“ на бангладешката приватна компанија „УС-Бангла“ излета од пистата при слетувањето, при што се запали.
Полицијата соопшти дека има 23 повредени, додека судбината на уште десет лица не е позната. Портпаролот на армијата, пак, за „Ројтерс“ изјави дека загинале најмалку 50 луѓе.
„Авионот доби дозвола да слета на јужната страна од пистата, но, место тоа, слета на северната страна. Властите не знаат зошто пилотот го направил тоа“, изјави генералниот менаџер на аеродромот „Трибуван“, Раџ Кумар Четри.