СТОПИРАНО УРИВАЊЕТО НА ТЦЦ ПЛАЗА

    СТОПИРАНО УРИВАЊЕТО НА ТЦЦ ПЛАЗАУтрово со градежна механизација зад тарабите со кои е ограден објектот кој е во фаза на градба почна да се отстранува барокната фасада. (Фото: М. Златевска)

    Општина Центар го стопираше рушењето на фасадата на ТЦЦ Плаза откако градежен инспектор на општината излегол на терен и констатирал дека инвеститорот почнал со постапка на уривање, иако за тоа нема никакво одобрение, ниту пак доставил барање до општината да му се одобри уривање. Од Општина Центар не знаат дали се урива фасадата или целиот објект, но велат дека инвеститорот сакал да прави измени на објектот.

    Од општината велат дека е дадена усна наредба да се престане со постапката на уривање, бидејќи покрај тоа што нема одобрение, не е ниту соодветно заштитен просторот. Утрово со градежна механизација зад тарабите со кои е ограден објектот кој е во фаза на градба почна да се отстранува барокната фасада.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира