ПРОДАДЕНИ 13 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“ НА 4 ДОМАШНИ КОМПАНИИ ЗА 18 МИЛИОНИ ЕВРА

    ПРОДАДЕНИ 13 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА“ НА 4 ДОМАШНИ КОМПАНИИ ЗА 18 МИЛИОНИ ЕВРАГенералниот директор на Комерцијална банка Хари Костов. (Фото: СДК.МК)

    Во блок трансакција денеска продадени се 13 отсто од акциите на „Комерцијална банка“ АД Скопје на домашни компании, соопшти банката.

    Банката соопшти дека се истргувани 298.003 акции, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари. Купувачи на продадените акции се „Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт“, „Гранит“ АД Скопје, ИГМ-Трејд Илија ДОО и „Индустри Сервис“ ДОО Скопје

    „Досегашниот акционер со квалификувано учество ’Ист капитал експлорер инвестментс АБ‘ (East Capital Explorer Investments AB) и неговото поврзано лице ’Салинк лимитид‘ (Salink Limited) изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во банката, односно 298.003 акции што претставува 13,076% учество во вкупниот број на акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

    Секое од правните лица поединечно не го надминува прагот од 5 отсто акционерско учество во вкупниот капитал на банката“, соопшти „Комерцијална банка“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира