МИЈАЛКОВ ЖИВЕЕ ПОД „ПАНОРАМА“, НЕ Е ВЕЌЕ НА СТАРАТА АДРЕСА, ГО ОПРАВДА АДВОКАТОТ ЗА ОТСУСТВОТО НА СУДЕЊЕТО ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИ

    МИЈАЛКОВ ЖИВЕЕ ПОД „ПАНОРАМА“, НЕ Е ВЕЌЕ НА СТАРАТА АДРЕСА, ГО ОПРАВДА АДВОКАТОТ ЗА ОТСУСТВОТО НА СУДЕЊЕТО ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИЛидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски утринава пристигнува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Првообвинетиот за изживување и малтретирање при апсењето на Љубе Бошкоски во случајот на СЈО „Тортура“ Сашо Мијалков беше единствениот од обвинетите кој денеска не дојде на судењето. Овој судски процес требаше да почне денеска.

    Првин судијката Моника Бахчовановска, која го оценуваше обвинителниот акт, го иззема Мијалков од случајот, но Апелациониот суд Скопје го врати како првообвинет. Судијката Александра Ристеска денеска рече дека поканата на Мијалков му ја пратила на адресата по лична карта на улица „Народен фронт“ во Скопје, но дека нема потврда дека ја примил.

    На ова, адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков го сменил живеалиштето и оти сега живее под поранешниот хотел „Панорама“, но не ја знае точната адреса, но ќе ја достави во понеделник. Обвинителот Љубомир Лапе од СЈО сугерираше поканата за следното рочиште на 7 мај на Мијалков судот да му ја врачи во четврток, кога тој доаѓа да се пријави зашто му е одземен пасошот.

    За изживувањето врз Бошкоски обвинети се и поранешниот шеф на полициските Алфи Ивица Анчевски – Пуки и уште петмина од единицата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира