СЈО РАЗГЛЕДУВА 4 ПРЕДМЕТИ ЗА “СКОПЈЕ 2014”

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО РАЗГЛЕДУВА 4 ПРЕДМЕТИ ЗА “СКОПЈЕ 2014”

    Криминалот во проектот “Скопје 2014” ќе го расчитува и Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Специјалното јавно обвинителство за САКАМДАКАЖАМ.МК денеска потврди дека од Општина Центар се побарани некои документи во врска за предистражни постапки.

    Градоначлникот на Општина Центар Андреј Жерновски изјави дека добил известување од специјалните обвнителки.

    “Од Специјалното јавно обвинителство добив писмо дека тие работат на 4 предмети за ‘Скопје 2014’. Дојдоа во Општина Центар и ги добија сите неопходни докази и материјали. Затоа сум оптимист дека СЈО брзо ќе го сработи предметот за криминалот во ‘Скопје 2014′”, вели градоначалникот  Жерновски.

    Покрај резултат од работата на СЈО, Жерновски се уште чека и известување од Јавното обвинителство дали ќе отвори предмет откако пред 2,5 години им ги предаде сите докази за констатираните неправилности и незаконски активности кои ги утврди ревизијата на проектот “Скопје 2014”.

    “По 4 месеци откако ги предадовме материјалите добивме барање од обвинителството за нови материјали. Ова, според познавачите, значи дека се отвора предмет и тоа ми даде оптимизам, но од тогаш обвинителството молчи” вели Жерновски.

    Ревизијата на проектот “Скопје 2014” покажа дека има незаконитости колку што има споменици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира