АВИОН НА ВИЗЕР БЕЗБЕДНО СЛЕТАЛ ОТКАКО МУ ОТКАЖАЛ ЕДЕН ОД МОТОРИТЕ ПРЕД СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

    АВИОН НА ВИЗЕР БЕЗБЕДНО СЛЕТАЛ ОТКАКО МУ ОТКАЖАЛ ЕДЕН ОД МОТОРИТЕ ПРЕД СЛЕТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕЕрбас А320, на нискобуџетниот унгарски превозник (Фото: Визер)

    Авион на унгарската нискобуџетна компанија Визер ноќта помеѓу четвртокот и петокот безбедно слетал на Скопскиот аеродром откако на пет минути пред предвиденото слетување му откажал еден од моторите, објави државната агенција МИА повикувајќи се на соопштение од воздухопловните власти. Нема повредени патници, ни членови на екипажот.

    Авионот од типот ербас А320 летал на линијата Базел – Скопје.

    „Во фаза на приод за слетување на Скопскиот аеродром на авионот му откажал еден од двата мотора без можност за повторно покренување. Пилотот декларирал вонредна случка по што службите на М-НАВ и ТАВ реагирале согласно процедурите. После два холдинга над аеродромот екипажот успешно го слетал авионот на писта и ги истоварил патниците без никави проблеми“, соопштија од Дирекцијата за цивилно воздухопловство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира