Собранието на денешната седница повторно ги врати Митко Чавков како министер за внатрешни работи и Диме Спасов како министер за труд и социјала.
Предлогот за нивен избор е потпишан од премиерот Емил Димитриев.
Првата точка е гласање на измени од Изборниот законик за да се избрише членот со кој изборите беа закажани за 5 јуни.
Според предлогот на пратеникот Талат Џафери „со предложените решенија во Изборниот законик нема да се предвиди точниот датум на одржување на предремените избори на пратеници„.