На зградата на терминалот на скопскиот аеродром утринава се поставуваат буквите од новото името Меѓународен аеродром Скопје. Буквите од старото име „Александар Велики“ беа отстранети на 24 февруари.
Одлуката да се преименува скопскиот аеродром беше донесена на владина седница на 4 февруари, а преименувањето го најави премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос. Променето беше и името на автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.
Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27 декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски. Всушност, со таа одлука почна процесот кој во македонската јавност е именуван како „антиквизација“ на Македонија. Две години подоцна, исто така со владина одлука, автопатот беше именуван „Александар Велики“.