МАКЕДОНИЈА ИМА РЕАЛНА МОЖНОСТ НАСКОРО ДА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН НАТО, КАЖА БЕЈЛИ

    МАКЕДОНИЈА ИМА РЕАЛНА МОЖНОСТ НАСКОРО ДА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН НАТО, КАЖА БЕЈЛИАмбасадорот на САД Џес Бејли рече и дека влезот во НАТО ќе помогне да се надминат внатрешните политички поделби во земјата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли вели дека во споредба со минатото Македонија сегa има реална можност наскоро да се приклучи кон НАТО. Зборувајќи на денешната трибина „НАТО и ти“ по повод Денот на Алијансата – 4 Април, амбасадорот на САД рече и дека влезот во НАТО ќе помогне да се надминат внатрешните политички поделби во земјата, но ниското ниво на владеењето на правото земјата ја први ранлива за корупција, но и за внатрешни и надворешни непријатели.

    „Што значи членството во НАТО за Македонија и за нејзините граѓани? Тоа значи дека ќе бидете сојузници, а не партнери, пријател, сосед со останатите земји членки. Денеска кога се одбележуваат 69 години од потпишувањето на Вашингтонскиот договор Алијансата е сојуз што се заснова на почитување на човековите прва и слободи, демократијата и владеењето на правото“, изјави Бејли, додавајќи дека е потребно системските реформи што се воведуваат во Македонија да не останат само на хартија, односно законите што се носат во Собранието понатаму практично да се имплементираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира