ГРУЕВСКИ БАРА ДА СЕ СМЕНАТ СУДИИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО НА КОСМОС ПОРАДИ ИЗЈАВА НА ЈАНЕВА

    ГРУЕВСКИ БАРА ДА СЕ СМЕНАТ СУДИИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО НА КОСМОС ПОРАДИ ИЗЈАВА НА ЈАНЕВАПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на клупата за обвинети во Основниот суд Скопје 1 на денешното судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО. (Фото: М. Златевска)

    Со 15-минутно доцнење, обвинетиот Никола Груевски влезе на судењето за предметот на СЈО „ТНТ“ одмаздничкото уривање на повеќемилионскиот објект Космос на Фијат Цаноски, на кое што треба да се пуштат 26 бомби како доказен материјал против обвинетите.

    Но, на почеток стана еден од адвокатите и побара изземање на целиот судски совет: претседателот Огнен Ставрев, судијата Осман Шабани и тројца поротници. Барањето го поткрепи со изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева која во ТВ интервју кажала дека има прислушувани судии и некои од нив постапуваат во предметите на СЈО кои се водат во Основниот суд Скопје 1.

    Советот се повлече 15 минути за да донесе одлука по барање на одбраната на Груевски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и уште тројца обвинети, вработени во општината. По враќањето на советот беше дадена пауза до 15 часот.

    Во публиката е и оштетениот Фијат Цаноски, а дојдени се да ги слушаат снимките од разговорите главно меѓу Груевски и Јанакиески голем број граѓани.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира