Се запалија канцеларии во новата барокна зграда на Министерството за правда на улицата Димитрие Чуповски.
Пожарот како што велат од Бригата за противпожарна заштита избувнал во 16.45 часот и во моментов се работи на негово гасење.
„Интервенираме со 6 возила и повеќе пожарникари. Според досегашните информации зафатени се две канцеларии во зградата“, велат од Пожарната бригада.
Од таму велат дека немаат информации за причината за пожарот.