НАПАДОТ СО ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ ВО СИРИЈА Е ИЗРЕЖИРАН ОД СТРАНСКИ АГЕНТИ, КАЖА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЛАВРОВ

    НАПАДОТ СО ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ ВО СИРИЈА Е ИЗРЕЖИРАН ОД СТРАНСКИ АГЕНТИ, КАЖА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЛАВРОВВоена акција во Сирија може да доведе до нов бран бегалци кон Европа, смета Сергеј Лавров (Фото: АП)

    Наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума е изрежиран од странски агенти, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    САД и Франција тврдат дека имаат доказ дека нападот се случил, а им се придружи и Велика Британија, која најави дека ќе поддржи одмазднички воен одговор кон Сирија. Русија, која е сојузник со владата во Дамаск, кажа дека воздушни напади ќе доведат до директен воен судир.

    „Имаме непобитен доказ дека нападот бил наместен во рамките на русофобната кампања, предводена од една земја“, кажа Лавров, не именувајќи ја земјата.

    Тој предупреди дека воена акција во Сирија може да доведе до нов бран бегалци кон Европа.

    „Се надевам дека никој нема да се осмели да влезе во таква авантура“, вели Лавров.

    Белата куќа објави дека ќе продолжи да собира разузнавачки податоци и да се консултира со свои сојузници.

    Делегација на Организацијата за забрана на хемиско оружје најави дека утре ќе почне своја истрага, но од безбедносни причини не објави други детали за своите активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира