МОЖНО Е РУСИТЕ ДА ИМААТ ДОКАЗ ДЕКА ТРАМП БИЛ ПРИСУТЕН КОГА ПРОСТИТУТКИ УРИНИРАЛЕ ЕДНА ВРЗ ДРУГА, ВЕЛИ БИВШИОТ ШЕФ НА ФБИ ЏЕЈМС КОМИ

    МОЖНО Е РУСИТЕ ДА ИМААТ ДОКАЗ ДЕКА ТРАМП БИЛ ПРИСУТЕН КОГА ПРОСТИТУТКИ УРИНИРАЛЕ ЕДНА ВРЗ ДРУГА, ВЕЛИ БИВШИОТ ШЕФ НА ФБИ ЏЕЈМС КОМИЏејмс Коми смета дека Доналд Трамп е морално несоодветен да биде претседател на САД и прави голема штета на државата (Фото: АП)

    Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, во интервјуто за „Ен-Би-Си њуз“ го опиша Доналд Трамп како неморален лидер, кој ѝ прави голема институционална и културна штета на земјата.

    Коми, кој беше отпуштен лани во мај, откри дека Трамп бил загрижен дека Русите би можеле да го уценуваат, по тврдењата дека тој бил присутен кога проститутки уринирале една врз друга во хотелска соба за време на неговата посета на Москва во 2013 година.

    И додека Русите негираа дека се мешале во изборите во САД, Трамп демантираше дека имало заговори и несоодветни активности од негова страна.

    „Можно е, но не знам дали Русија има докази за патувањето на Трамп во Москва“, кажа Коми.

    Трамп му кажал на Коми дека тој не останал во хотелот и дека тврдењата поврзани со проститутките не се точни.

    „Личност која така зборува и ги третира жените како месо, која постојано лаже, и за мали и за големи работи и инсистира Американците да веруваат во тоа, таа не е соодветна да биде претседател на САД од морални причини. Мислам дека тој не е здравствено несоодветен, тој е морално несоодветен да биде претседател“, вели Коми.

    Неговата биографска книга „Повисока лојалност: вистина, лаги и водство“ ќе излезе во продажба утре и се очекува дополнително да му наштети на угледот на Трамп.

    Коми е клучен сведок во истрагата на специјалниот советник Роберт Милер дали Трамп ја попречувал истрагата за руското мешање во изборите.

    „Постојат очигледни докази дека тој ја попречувал правдата“, изјави Коми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира