ЅВЕЗДАТА НА ЕЛЕКТРОНСКАТА МУЗИКА ДИЏЕЈ АВИЧИ ПОЧИНА НА 28 ГОДИНИ

    ЅВЕЗДАТА НА ЕЛЕКТРОНСКАТА МУЗИКА ДИЏЕЈ АВИЧИ ПОЧИНА НА 28 ГОДИНИТим Берглинг, попознат како Авичи, се повлече од настапите пред две години поради здравствени проблеми (Фото: Гети)

    Еден од најуспешните продуценти на електронската музика и диџеј, Авичи, кој има соработувано и со Мадона, Рита Ора и „Колдплеј“, починал во Оман на 28-годишна возраст.

    Причината за смртта не е објавена, додека неговиот менаџер кажа дека натамошни изјави нема да се даваат.

    „Со голема тага соопштуваме за загубата на Тим Берглинг, попознат како Авичи. Семејството е скршено и ги замоли сите за приватност во овие тешки моменти“, се вели во изјавата на менаџерот.

    Авичи во минатото имаше здравствени проблеми како последица на прекумерно консумирање алкохол и токму од таа причина се повлече од настапите во 2016 година.

    Тој беше едно од најголемите имиња на светската денс сцена во последните десет години, двапати беше номиниран за Греми награда и имаше два броја еден на британската топ-листа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира