ГОЛ МАЖ УПАДНА ВО РЕСТОРАН ВО НЕШВИЛ И УБИ ЧЕТВОРИЦА

    ГОЛ МАЖ УПАДНА ВО РЕСТОРАН ВО НЕШВИЛ И УБИ ЧЕТВОРИЦАНапаѓачот избегал откако еден гостин во ресторанот успеал да му го одземе оружјето (Фото: АП)

    Најмалку четири лица се убиени откако вооружен разголен маж упадна во еден ресторан во близина на Нешвил, Тенеси, по што отвори оган на гостите. Бројот на жртвите можел да биде многу поголем, доколку не била брзата реакција на еден 29-годишник, кој му го одзел автоматското оружје на напаѓачот.

    „Тој спаси многу животи“, кажа портпаролот на полицијата на Нешвил.

    Полицијата го идентификуваше убиецот како 29-годишниот Тревор Реинкинг, за кого се верува дека живеел во близина на ресторанот. Возилото на напаѓачот било регистрирано на негово име.

    „Издадена е потерница по Тревор Реинкинг“, објави полицијата на Твитер.

    Напаѓачот, облечен само во зелена јакна, прво убил две лица на паркингот, а потоа отворил оган внатре во ресторанот, убивајќи уште два двајца.

    „Кога тој престанал да пука, еден гостин, кој бил сокриен, му се нафрлил на напаѓачот, успевајќи да му го одземе оружјето. Во тој момент, напаѓачот избегал. Додека бегал, ја фрлил и јакната, во којашто најдовме уште муниција“, соопшти полицијата.

    Уште две лица се ранети, од кои едно е во критична состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира