ЛЕВИЦА ЛАЖЕ, НЕ СУМ СИ ЈА ПОКАЧИЛ ПЛАТАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ СМАИЛОВИЌ

    ЛЕВИЦА ЛАЖЕ, НЕ СУМ СИ ЈА ПОКАЧИЛ ПЛАТАТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ СМАИЛОВИЌФаксимил од потврдата за плата на директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ за месец ноември. Тој беше назначен за директор на 17 ноември. (Фото: СДК.МК)

    Платата не ми е 1.700 евра, туку станува збор за плата за две месеци, односно за половина месец ноември и месец декември, вели Сенад Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“.

    Партијата Левица викендов објави документ со пресметка на плата и тврдење дека Смаиловиќ си ја зголемил платата од 1.000 евра, како што била на претходните директори, на 1.700 евра.

    Смаиловиќ вели дека документот е за исплата за две месеци, а не за еден како што тврдат од Левица.

    „Откако дојдов на функција затекнав состојба на доцнење на плати. Веднаш направив напори да се исплатат заостанатите плати. За два месеци, односно за ноември и декември беа наеднаш исплатени платите на сите работени, вели Смаиловиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира