Авионот „херкулес Ц-130“, што спасувал и им носел помош на американски државјани по ланските уништувачки урагани, бил на својот последен лет, кога вчера се урна во Џорџија, при што загинаа девет Порториканци.
Големиот авион летал кон Аризона, каде што требало да биде складиран, со што флотата на националната гарда на Порторико требала да се намали на само пет слични летала. Тој наводно бил стар повеќе од 60 години.
„Не е вест дека авионите што ги имаме на Порторико се најстарите што се во употреба во земјата. Тие често со големо задоцнување добиваат нови делови“, изјави генералот Изабело Ривера.
Авионот бил на рутински преглед во Аризона и се урнал набргу по полетувањето. Американската војска спроведува истрага за несреќата, тврдејќи дека староста на авионот била околу 40 години.
Сите загинати учествувале во акциите на спасување и обнова на регионите зафатени со ланските урагани.