ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВТОРОСТЕПЕНАТА КОМИСИЈА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ДВА МЕСЕЦА СЕ БЕЗ ПЛАТА, ЧЕКААТ СОБРАНИЕТО ДА ИЗБЕРЕ НОВИ ЧЛЕНОВИ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВТОРОСТЕПЕНАТА КОМИСИЈА ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ДВА МЕСЕЦА СЕ БЕЗ ПЛАТА, ЧЕКААТ СОБРАНИЕТО ДА ИЗБЕРЕ НОВИ ЧЛЕНОВИОд Собранието велат дека сѐ додека не се направи избор на нови членови на комисија никој не може да потпише за да се подели плата и да се платат другите режиски трошоци.(Фото: СДК.МК)

    Вработените на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка два месеци немаат земено плата оти уште не се избрани нови членови.

    „Со разрешувањето на претседателот и членовите од претходниот состав, вработените во стручната служба на комисијата веќе два месеци немаат земено плата и целокупната работа и функционирање на Државната комисија е во застој, со што се засегнати и граѓаните. За разрешување на овој проблем во два наврати се обративме до Собранието, но немаме одговор“, се вели во писмото на вработените во комисијата.

    Вработените во комисијата бараат додека се изберат нови членови Собранието како работодавен орган да овласти раководен административен службеник од Државната комисија или од Собранието кој ќе може да ја потпишува платата за вработените, да ги потпишува налозите за плаќање на тековни трошоци и да ги презема дејствија во постапките по жалби и во постапките по заведен управен спор.

    Од Собранието за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека сè додека не се направи избор на нови членови на комисија никој не може да потпише за да се подели плата и да се платат другите режиски трошоци.

    „Постапката за избор на членови е во тек. Распишан беше конкурс, пријавени се кандидати, конкурсот е затворен. Сега се чека собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата да се состави и да се направи избор“, изјавија од Собранието.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира