Судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“ за изборни нерегуларности во Чаир се прекина. Судијката Оља Ристова соопшти дека втората судијка Гордана Спировска добила итен повик од болница дека на нејзиниот сопруг, адвокатот Ефто Спировски од Скопје, му откажале сите витални органи.
„Состојбата на сопругот на судијката Спировска е критична и таа мораше итно да замине од судот. Судењето продолжува во петок и од здравствената состојба на сопругот на судијката ќе зависи дали таа ќе продолжи понатаму во овој совет“, рече претседателката на советот Ристова.
Во „Титаник 3“ обвинет се координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и сопартиецот Исмет Гури за уништување избирачки материјал на локалните избори 2013 година.
С. К. ДЕЛЕВСКА