ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА РЕДОВНО ЈА КОНТРОЛИРА РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ОТПАД, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОЛОГИЈА

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА РЕДОВНО ЈА КОНТРОЛИРА РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ОТПАД, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОЛОГИЈАУправата за финансиска полиција вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека има истрага во Министерството за животна средина и дека во тек се завршните проверки. - Министерот за животна средина Садула Дураки (Фото: Влада)

    Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека контролата што Управата за финансиска полиција ја извршила во секторот за отпад при Министерството е во рамките на редовните работни обврски на Управата.

    Оваа информација, како што кажаа од министерството, ја даваат за да се избегнат шпекулации со кои се нарушува угледот на институцијата.

    „При контролата, направен е увид во документацијата која се однесува на колективни постапувачи со отпад и побараната предметна документација е уредно доставена на увид од страна на надлежните служби во Министерството“, велат од Министерството за животна средина.

    Како што објави вчера САКАМДАКАЖАМ.МК, Управата за финансиска полиција потврди дека има истрага во Министерството за животна средина и дека во тек се завршните проверки. Според Управата многу брзо ќе има детални информации за контролата во Министерството за животна средина, за кои ќе ја информираат јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира