ПОЧИНА АКТЕРОТ САЛАЕТИН БИЛАЛ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ САЛАЕТИН БИЛАЛПогребот на Салаетин Билал е во 13.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

    Актерот Салаетин Билал почина по долго боледување на 76 години. Доајенот на Турскиот театар играше во голем број филмови, телевизиски серии и театарски претстави.

    Во неговата биографија, меѓу другите, се запишани филмовите „Најдолгиот пат“ (1976), „Време води“ (1980), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Зад непријателските линии“, „Прашина“ (2001), преку „Илузија“ (2004), „Сенки“ (2007), „Мајки“ (2010), па се до последните филмови на македонската филмска продукција „Трето полувреме“ (2012), „Балканот не е мртов“ (2013), „Херој“ (2013) и „До балчак“ (2014).

    Глумел и во голем број серии, како „Волшебното самарче“ (1975), „Итар Пејо“ (1977), „Илинден“ (1982), „Белото Циганче“ (1984), „Солунски патрдии“ (1986), „Тврдокорни“ (1988-1992), Македонски народни приказни (1994) и уште многу други. Добитник е на бројни награди.

    Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. Забележителни се неговите ролји во Театарот на Ромите „Пралипе“ и во други независни проекти.

    Верската церемонија ќе се одржи денеска во 13 часот во Џамијата во Бутел, а погребот е во 13.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира