Поранешниот европски првак Хамбургер за првпат во својата историја испадна од Бундеслигата, додека гневни фанови го прекинаа натпреварот со Борусија Менхенгладбах, фрлајќи факели на теренот.
Иако победи со 2:1, Хамбургер испадна во понизок ранг, откако Волфзбург го совлада Келн со 4:1. Кога ова стана и официјално, фанови почнаа да фрлаат факели, поради што на теренот излегоа полицајци и припадници на обезбедувањето. Средбата продолжи по десетминутен прекин.
Хамбургер, европски првак од 1983 година, беше единствениот клуб кој никогаш не испаднал од Бундеслигата од нејзиното основање во 1963 година. Дури и Баерн испадна еднаш, во 1965 година. Агонијата на Хамбургер траеше неколку сезони, но оваа беше најхаотична, па клубот не го спасија ниту три тренерски смени.
„Економски гледано, Хамбургер е најлошата инвестициска одлука во мојот живот“, кажа Клаус-Михаел Куне, бизнисменот кој вложи милиони во клубот.