ДУКЕ БОЈАЏИЕВ И ИСМАИЛ ЛУМАНОВСКИ СО ДВА МИНИ КОНЦЕРТА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

    ДУКЕ БОЈАЏИЕВ И ИСМАИЛ ЛУМАНОВСКИ СО ДВА МИНИ КОНЦЕРТА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕИдејата да настапи пред болните дечиња, била на Бојаџиев, а менаџментот на Клиниката заедно со Министерството за здравство, организирале концертите да бидат од затворен тип, бидејќи дел од овие пациенти поради тежината на болеста не смеат да се мешаат со други болни деца

    Македонскиот музичар Дуке Бојаџиев, кој живее во Њујорк, по двата концерта што ги оддржа во петокот и саботата во Македонската филхармонија, одржа два мини хуманитарни концерти за децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје.

    Придружуван од кларинетистот Исмаил Лумановски, Бојаџиев за децата од хемтаолошко-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести освири дел од музиката од неговиот последен албум „Сон, верба, љубов“. Вториот мини концерт потоа го оддржаа на одделот за пулмологија на Детска клиника и за останатите деца кои таму се лекуваат.

    Бојаџиев, пред да замине во САД, и самиот се подготвувал за кариера во медицината, односно завршил Медицински факултет во Скопје. По заминувањето во Њујорк го завршува музичкиот колеџ Беркли во Бостон. Тој веќе 17 години живее и работи во САД, каде има созадено музика за бројни филмови.

    Идејата да настапи пред болните деца, била на Бојаџиев, а менаџментот на Клиниката заедно со Министерството за здравство, организирале концертите да бидат од затворен тип, бидејќи дел од овие пациенти поради тежината на болеста не смеат да се мешаат со други болни деца.

    „Неделно попладне поминато со најмилите и најмладите на Клиниката за педијатрија. Благодарност до Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски за хуманитарниот мини концерт кој денеска го одржаа на педијатрија за нашите мали херои“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил, кој заедно со директорката на Клиниката за детски болести д-р Катерина Ставриќ исто така присуствуваа на настапот на Бојаџиев.

    Е. БОЧВАРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира