ПОСТАВЕН СЕМАФОР НА УЛИЦАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КАДЕ БЕШЕ ЗГАЗЕНО ДЕТЕ

    ПОСТАВЕН СЕМАФОР НА УЛИЦАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КАДЕ БЕШЕ ЗГАЗЕНО ДЕТЕСемафорот е поставен на пешачкиот премин кај основното училиште „Мирче Ацев“.(Фото: Општина Ѓорче Петров)

    Поставен е семафор на улицата Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров, каде пред еден месец беше згазено дете.

    Семафорот е поставен на пешачкиот премин кај основното училиште „Мирче Ацев“. Во моментот екипи од ЕВН работат на приклучоците на семафорот по што како што велат од Општина Ѓорче Петров тој ќе почне да функционира.

    Во меѓувреме, се поставуваат и останати сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица. Поставена е и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, на децата, а во наредниот период ќе се уреди зеленилото околу семафорот, заради подобра видливост на истиот“, велат од Општина Ѓорче Петров.

    Жителите на населбата минатиот месец ја блокираа улицата и протестираа барајќи надлежните да преземат итни мерки за зголемување на безбедноста на оваа локација оти како што велеа низ улицата се вози и со 140 километри на час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира