ПОЗИТИВНИТЕ ДВИЖЕЊА ВО ЗЕМЈАВА ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ, КАЖА ЏАФЕРИ ВО ОХРИД

    ПОЗИТИВНИТЕ ДВИЖЕЊА ВО ЗЕМЈАВА ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ, КАЖА ЏАФЕРИ ВО ОХРИДРазговорите во Охрид се со цел во отворена атмосфера без присуство на јавноста да се разговара за сите проблеми за кои можеби не е постигнат консензус. - Претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Во Охрид во тек се разговорите на претставници на парламентарните партии во македонското Собрание во рамки на процесот – Дијалог Жан Моне. Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека позитивните движења во земјата резултираа разговорите наместо првично предвиденото во Париз да се одвиваат тука.

    „Темите на дискусија се однесуваат на најавените потребата од измени и дополнувања на Деловникот и носењето на етички кодекс, со додадени прашања на она што во други форми веќе е разговарано, а тоа е поголема самостојност и независност на Собранието. Претпладнево имавме плодна дебата по однос на Кодексот и мислам дека таа е завршена по однос текстот изготвен со поддршка на ЕУ и таа очекувам да резултира со консензуално негово донесување како водилка во однос на однесувањето на пратениците во и надвор од Собранието“, кажа Талат Џафери.

    Синоќа се одржа и вечера за учесниците во разговорите, за кои европратеникот Иво Вајгл рече дека се со цел во отворена атмосфера без присуство на јавноста да се разговара за сите проблеми за кои можеби не е постигнат консензус.

    „Сметам дека во работна атмосфера со помош на експерти ангажирани за оваа конференција, може да се дојде со согласност по некои прашања за кои нема да решаваме ние, нема да се решава ниту тука ниту во центарот ‘Жан Моне’ во Париз, туку во Собранието на РМ. Се разбира ќе стане збор за иднината на Македонија, токму затоа сме тука, се ангажиравме во Пржинскиот договор, и оттаму со големо задоволство можеме да кажеме дека земјата има направено значаен чекор напред со добивањето гаранција за безусловно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Се разбира за тоа ќе решава Европскиот совет и можам само да кажам дека сум оптимист во тоа“, рече Вајгл.

    Дијалогот во Охрид е предвидено да биде заокружен со заклучоци што ќе бидат презентирани на вечерата на која се очекува присуство и на лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и од Беса Билал Касами. Пред нив е предвидено да се обрати и Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европски социјалисти.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира