ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ВАКЦИНА ПРОТИВ ЕБОЛА ВО КОНГО ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ

    ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ВАКЦИНА ПРОТИВ ЕБОЛА ВО КОНГО ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТВакцината наречена „ер-Ве-Ес-Ве- ЗЕБОВ“ ќе биде дистрибуирана меѓу 8.000 до 10.000 луѓе во првата фаза, велат од СЗО (Фото:Ројтерс)

    Властите почнаа со дистрибуција на експериментална вакцина против ебола во Мбандака, голем град во Демократска Република Конго, за да се обидат да го спречат ширењето на овој смртоносен вирус.

    Здравствените работници во Мбандака, главен град на екваторската провинција и дом на 1,2 милиони луѓе, ќе биде прв што ќе ја добие вакцината, кажа портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ.

    Првиот потврден случај на заразен со ебола во Мбандака минатата недела ја подигна загриженоста дека вирусот може да се рашири побрзо отколку што се очекува. Според СЗО досега 26 лица починаа откако беше прогласена епидемија на ебола во Конго.

    Експерименталната вакцина против ебола може да ја промени ситуацијата со епидемијата во Конго. Вакцината наречена „Ер-Ве-Ес-Ве- ЗЕБОВ“ најверојатно ќе биде дистрибуирана меѓу 8.000 до 10.000 луѓе во првата фаза, кажа Питер Селама, заменик на генералниот директор за подготвеност за одговор на итни случаи при СЗО.

    Таа ќе им се дава на луѓето кои биле во контакт со лица инфицирани со ебола, како и оние што биле во контакт со лицата кои биле во контакт со инфицирани, кажа Селама.

    Еболата е многу заразен вирус, кој предизвикува серија на симптоми вклучувајќи треска, замор, мускулна болка во период од два до 21 ден по инфекцијата. Пациентите страдаат од повраќање, осип, дијареа, проследено со нарушена функција на бубрезите и црниот дроб, а во некои случаи и со внатрешно и надворешно крварење.

    Во епидемијата во 2014 година во Западна Африка над 11.000 луѓе починаа само за неколку месеци.

    Вакцината претходно беше давана на луѓе кои биле во контакт со пациенти, кај кои било потврдено присуство на ебола во Гвинеја во 2015 и 2016 година и се покажа за ефективна.

    Но, сега ќе биде прв пат оваа вакцина да се даде за да се контролира ширењето на ебола, кажа д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни заболувања во САД.

    СЗО веќе доставо 5.000 дози од експерименталната вакцина во Киншаса, главниот град на Конго, а се очекува да пристигнат уште илјадници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира